Наполи и Челси се блиску до првиот меѓусебен трансфер ова лето откако преговорите за премин на Ромелу Лукаку во Неапол продолжија во завршната фаза, пренесуваат англиските медиуми.
Очекувањата се дека искусниот 31-годишен голгетер наскроо ќе биде официјализиран како нов фудбалер на Наполи и тоа на големо задоволство на тренерот Антонио Конте кој изрази голема желба да го има корпулентниот напаѓач во своите редови.
Со реализација на овој трансфер се отвара и можноста за преселба на Виктор Осимен на „Стемфорд Бриџ“, но Челси нема да брза со ангажманот на Нигериецот за кој Наполи бара 130 милиони евра. Интересот на „сините“ за 25-годишникот останува, но најинтензивните преговори се очекува да бидат во последните денови од трансфер периодот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА