Ромеро одби нов договор од Тотенхем, сака да оди во Атлетико

Тотенхем би можел да се раздели со една од своите ѕвезди. Кристијан Ромеро ја отфрли понудата за нов договор што би го направила најплатен играч во клубот. Според „АС“, претседателот на „Спарс“, Даниел Леви, направил сè што можел за да го задржи аргентинскиот централен дефанзивец, но играчот јасно ставил до знаење дека сака да оди во нов клуб.

Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за аргентинскиот репрезентативец. Клубот на Диего Симеоне го идентификуваше Ромеро како една од нивните главни цели за зајакнување на одбраната, откако веќе ги потпишаа Матео Руџери и Алекс Баена .

Одбивањето на Аргентинецот да го продолжи договорот со Тотенхем ја остава неговата иднина неизвесна, а конечната одлука е во рацете на Даниел Леви. Познат по својот цврст став во преговорите, претседателот на Лондончани нема да му ја олесни работата на Ромеро и се очекува да побара значителна сума за неговиот трансфер.

Се верува дека договорот би можел да достигне 55 милиони евра, плус уште 10 до 15 милиони во бонуси.

Се вчитува...