Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро го продолжи договорот со Тотенхем до 2029 година.
Ромеро неодамна стана нов капитен на Спарс, наследувајќи ја капитенската лента од Хеунг Мин Сон, првата ѕвезда на тимот до неодамна.
Тој пристигна во Тотенхем во 2021 година од Аталанта, прво на позајмица, а потоа лондонскиот клуб го откупи неговиот договор, кој важеше до 2027 година, но сега е продолжен за уште две сезони.
Аргентинецот одигра вкупно 126 натпревари за клубот и постигна осум гола. Претходно беше член на Џенова и Јувентус, а кариерата ја започна во Белграно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

