Тотенхем се наоѓа во огромна криза откако „спарси“ забележааа само една победа на последните седум средби во сите натпреварувања. Особено болен е вчерашниот пораз на домашен терен од Челси, меч што Тотенхем го почна фуриозно поведувајќи со 2-0, за на крајот да загуби со 3-4.
Притисокот е врз Анге Постекоглу и неговиот стручен штаб, но поддршка за тренерот стигна од еден од најдобрите фудбалери на „спарси“, аргентинскиот дефанзивец Ромеро. Постекоглу е петти тренер на Тотенхем откако Ромеро е во клубот од 2021 година и Аргентинецот јасно стави до знаење дека овој стручњак ја има целосната поддршкаод играчите.
„Анге Постекоглу е врве тренер, сите го видовме тоа во неговата прва сезона во клубот. Во втората имаме бројни проблеми со повреди и тоа е причината за ова што се случува. Ако треба да се бара виновник, виновни сме ние играчите, но фудбалот е чуден спорт, ако загубите десет натпревари поради слаба игра, цената не ја плаќате вие, туку тренерот. Сакам да биде јасно, Постекоглу и неговиот стручен штаб ја имаат целосната поддршка од нас играчите, уживаме да работиме со нив, да играме тип на фудбал каков што бараат од нас“, изјави Ромеро.
Аргентинецот ја обнови повредата во првото полувреме од дербито со Челси и токму по неговото излегување од игра „спарси“ примија четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА