Роналд де Бур, братот на холандскиот селектор Франк, вели дека формацијата со која Холандија играше на пријателскиот натпревар со Шкотска има и добри и лоши страни.
Холанѓаните беа големи фаворити против Шкотска, но на крај благодарение на голот на Мемфис Депај стигнаа до 2-2, а Франк де Бур овој натпревар го отвори со формација 5-3-2.
„Јохан Кројф се превртува во неговиот гроб“, рече Роналд де Бур, осврнувајќи се на фактот дека Холандија традиционално игра во поофанзивна формација 4-3-3.
Сепак, Роналд потенцираше дека треба да биде фаворизирана офанзивата, бидејќи на тој начин лесно може да се контролира топката, како во средниот ред и нападот, така и во одбраната.
„Но, ќе го стореше истото и ако ги гледаше натпреварите на Барселона под водство на Роналд Куман. 5-3-2 може сè уште да биде атрактивна формација, во зависност од тоа како ја користите. Кога имате двајца добри напаѓачи во противничкиот табор, корисно е да ставите уште еден во својата дефанзивна линија. На тој начин секогаш имате безбедност, а играте и офанзивно“, изјави Роналд де Бур.
Франк де Бур ја користеше истата формација и на вчерашната контрола со Грузија, на која „лалињата“ триумфираа со убедливи 3-0.
Европското првенство започнува на 11 јуни, а Холандија е во групата со Украина, Македонија и Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА