Холандскиот стратег Роналд Куман ќе добие шанса да биде нов селектор на фудбалската репрезентација на својата земја. Тој со раководството на федерацијата ќе потпише договор до Светското првенство во Катар во 2022 година, а официјалната промоција е закажана за следниот петок.
Холандија беше во потрага по нов селектор откако имаше неуспешни квалификации за СП 2018 во Русија, а изборот падна на Куман, кој пред три месеци доби отказ во Евертон. 54-годишниот стратег во досегашната кариера беше тренер на Ајакс, Феенорд, ПСВ Ајндховен, Бенфика, Валенсија, Саутемптон и на Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА