Бразилската интернационалка Ана Беатриз Тарантино Роналдиња е најновот засилување на женскиот фудбалски клуб Љуботен, потврдија од клубот. Станува збор за 22-годишна фудбалерка која игра во нападот, а ќе го засили тетовскиот клуб во јануарскиот преоден рок.
„Чест и задоволство ни е да ви ја претставиме првата бразилска фудбалерка во Прва Македонска Фудбалска лига за жени Ана Беатриз Тарантино со уметничко име Роналдиња, поранешна членка на Васко де Гама, и доскорешен член на ФФЦ Вордерланд, Австрија. Роналдиња ќе преставува капитално засилување во остварување на целта!“, стои во соопштението од клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА