Роналдињо бесен како никогаш досега: Не сакам да го гледам Бразил!

Започна европското фудбалско првенство, а се ближат првите натпревари на Копа Америка. Како и сите останати репрезентации-учеснички, Бразил го објави ростерот, а Роналдињо не беше задоволен од изборот на играчи.

Ѕвездата на бразилската репрезентација и легендата на оваа јужноамериканска земја не беше задоволен од списокот на играчи кои ќе одат на Копа Америка и затоа даде многу радикална изјава.

„Тоа е тоа, нема да гледам ниту еден натпревар на Бразил на Копа Америка, ниту ќе славам победа. Доста ми е. Ова е тажен момент за сите кои го сакаат бразилскиот фудбал. Тешко е да се најде причина да се гледаат натпреварите“, изјави Роналдињо. 

Се вчитува...