Роналдињо и во „куќен притвор“ во Парагвај со луди забави: Десетици девојки секој ден минуваат низ неговата соба

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо повторно е во центарот на вниманието на светската јавност. Поранешната ѕвезда на Барселона, со месеци е „заробен“ во Парагвај каде извесен период мина и во затвор поради влез во државата со лажни патни исправи.

Во моментов Роналдињо е во куќен притвор во Парагвај, во луксузен хотел. Но, тоа што може да му донесе нови проблеми е кршењето на правилата поради коронавирусот затоа што во неговата соба дневно минуваат десеттици девојки.

Парагвајските медиуми објавија дека Роналдињо редовно одржува забави во неговата соба, а на ден минуваат десетици и десетици девојки.

Интересно, оваа вест доаѓа откако претходно беше објавено дека Роналдињо и неговиот брат во текот на оваа недела ќе го напуштат Парагвај со условна казна од две години и парична од 100.000 долари. Сепак, поради кршење на законските регулативи околу коронавирусот, сега лесно може да се случи да добие казна за дополнително останување во Парагвај.

Се вчитува...