Роналдињо излезе од затвор, платена е кауцијата

Бразилската фудбалска ѕвезда, Роналдињо конечно го напушти затворот во Парагвај. Ова откако тој и неговиот брат ја платиле кауцијата од 1,6 милиони долари. Славниот фудбалер беше еден месец во притвор. Уапсен беше на 6.март поради влез во Парагвај со фалсификувани документи.

Кауцијата за секој од нив била по 800.000 долари. Тие сега сепак не се на слобода туку судот им наложи да останат во хотел и да го чекаат судењето. Наводно нема ниту да им бидат дозволени посети.

Роналдињо и неговиот брат ја отфрлија вината при испитувањето и тврдеа дека фалсификуваните пасош во кои стои дека се државјани на Парагвај ги добиле на подарок.

 

Се вчитува...