Роналдињо од „притворскиот“ хотел: Беше тешко, ви благодарам на сите

Во првото официјално интервју по излегувањето од затвор, Роналдињо кој се наоѓа во хотел во Парагвај вели дел во голем дел ситацијата му ја олеснил поранешниот клуб, Барселона. По плаќањето кауција, Роландињо е во своевиден „домашен притвор“ во хотел и е во очекување на правната разрешница на случајот во кој е обвиниет за влегување во Парагвај со лажен пасош.

„Барселона секогаше се однесува со мене со љубов и со почит. Им благодарам на пораките и на љубовта. Врските кои ги имам со дел од соиграчите се посебни и специјални. Тие ме познаваат добро и знаат дека ова не е лесен период за мене. Поддршката ќе им извлече од оваа олуја побрзо“ – вели Роналдињо кој особено со благодарност зборува за Карлес Пујол.

И во овој тежок период, Роналдињо се обидува да ја задржи насмевката, објаснува дека мисија му е да ги прави луѓето среќни. Тажен сум само кога нема да успеам да ги израдувам другите, вели Бразилецот кој е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Се надева дека наскоро ќе му се врати на нормалниот живот.

 

 

Се вчитува...