Роналдињо останува во притвор, постои опасност од бегство

Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис ќе останат во притвор во Асунсион, објавија парагвајските власти откако фудбалската легенда излезе пред судот во оваа јужноамериканска држава,во која влезе со фалсификувани документи. Екс-фудбалерот на Барселона најпрвин беше приведен, па пуштен на слобода, но судските власти инсистираа тој да биде изведен пред лицето на правдата.

Адвокатот го бранеше Роналдињо со став дека тој воошто не знаел дека документите што ги поседувал се фалсификувани.

„Судијата не сака да прифати дека Роналдињо не бил свесен дека постапува криминално бидејќи не знаел дека документите што му се дадени се фалсификувани. Тој е само наивен, не е криминалец“, истакна адвокатот на Роналдињо.

Сепак, судијата остана на ставот дека двајцата браќа мора да одговараат за незаконското дејствие.

„Се соочуваме со сериозен акт, со кој директно се штети на интересирите на нашата држава. Постои сериозна опасност од бегство, бидејќи тој влегол спротивно на законите и може да си замине спротивно на законите. Нема никакви корени во Парагвај, така што ништо не го врзува овде за да остане до крајот на судскиот процес, затоа и решивме да остане во притвор“, објави судијата на случајот.

Согласно законите во оваа држава, Роналдињо може да остане во притвор максимум шест месеци, а максималната затворска казна за ваков престап изнесува пет години.

Се вчитува...