Роналдињо по четири месеци излегува од домашен притвор

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо конечно ќе биде ослободен по четири месеци поминати во домашен притвор, откако заедно со неговиот брат влегоа во Парагвај со лажни патни исправи.

Тој заедно со неговиот брат во март месец со лажни пасоши се обидоа да влезат во Парагвај, по што беа уапсени и им беше досудена шест месечна казна затвор. Тој со неговиот брат Роберто де Асис Мореира поминаа 32 дена во затвор, од каде беа пуштени во домашен притвор.

Поради доброто однесување и поради тоа што не се претходно казнувани, нивната казна од шест месеци е намалена на четири што значи дека поранешниот ас на Барселона ќе биде ослободен и ќе може да се врати во Бразил.

Се вчитува...