Роналдињо по секој меч итно заминуваше со приватен авион, во понеделник на тренинг не доаѓаше

Без сомнение, едно од најголемите фудбалски имиња во историјата е Бразилецот Роналдињо. Неговиот талент го маѓепсуваше секој фудбалски фанатик, но неспортскиот живот е најголемиот виновник зошто магијата не траеше многу повеќе.

А, каков бил Роналдињо надвор од теренот открива Патрис Рубио кој имаше можност со него да ја дели соблекувалната во 2015 година кога играа заедно за мексиканскиот Кверетаро.

„Секогаш игравме во петок на нашиот терен, а кога ќе завршеше натпреварот Роналдињо со приватен авион заминуваше итно. Никогаш не го видов на тренинг во понеделник. Се враќаше обично во вторник, па потоа во петок повторно не тренираше. Но, без разлика на се, беше голем ас“ – вели Рубио.

Изминатиов месец Роналдињо мина во затвор откако со неговиот брат беше уапсен при влегување во Парагвај со лажни патни исправи. Од затвор излезе со платена кауција од 1,6 милиони долари, па под полициска контрола ќе биде сместен во хотел во Асунсион.

Се вчитува...