Роналдињо повторно во судир со законот, сега за измама со биткоини

Поранешната ѕвезда на Барселона, Бразилецот Роналдињо повторно е во судир со законите, овој пат откако не се појави на судско сослушување во врска со измама околу еден бренд на биткоин.

Станува збор за подтип на биткоин „18кРоналдињо“. Имено, ветил по два проценти профит дневно на секој од купувачите на оваа дигитална валута, ако уплатат 30 долари. Резултат на оваа измама е граѓанска тужба вредна 56,5 милиони евра.

Роналдињо се сомничи дека свесно учествувал во оваа акција, а откако не се појавил на вчерашното судско сослушување, сега има наредба за присилно доведување.

Бразилецот и неговите адвокати се бранат дека спомнатиот бренд само го користи неговиот лик без претходна нивна дозвола. Роналдињо претходно имаше проблеми со законот, минувајќи шест месеци во парагвајски затвор поради влез во земјата со лажен пасош.

Се вчитува...