Роналдињо пуштен од притвор, можна е казна од пет години затвор

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо е пуштен на слобода откако беше уапсен поради влез во Парагвај со фалсификуван пасош со својот брат Роберт Асис. Роналдињо во средата стигна во Парагвај како би ја промовирал новата книга „Гениј на животот“, но и како би бил дел од хуманитарен настан.

Не е ова првпат Роналдињо да се соочува со ваква казна, откако во 2018 година бразилските власти му го запленија пасошот додека не ја плати казната која ја доби за илегално градење на рибарска платформа во Порто Алегре.

Проблемот за Бразилецот е што во Парагвај за фалсификат на документи се лежи пет години затвор.

Се вчитува...