Шпанскиот гигант Барселона денеска официјално ќе го промовира славниот бразилски ас Роналдињо за свој амбасадор на клубот.
Роналдињо се враќа меѓу Каталонците, овој пат со сосема поразлична улога која значи промоција на активностите на клубот ширум светот. Барселона денеска најави официјална промоција на Роналдињо на новата позиција во клубот.
Роналдињо во редовите на каталонскиот тим играше во периодот од 2003 до 2008 година. Со Барселона стигна до титулите во Примера и во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА