Роналдињо со интересен коментар: Не сум сигурен дека Меси е најдобар на сите времиња

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо даде свое мислење на прашањето кој е најдобар фудбалер на сите времиња.

Иако многумина на таа листа го ставија аргентинскиот ас, Лионел Меси, неговиот поранешен соиграч од Барселона не е сигурен во тоа…

„Меси најдобар на сите времиња? Тешко… Има многу играчи. Марадона и Пеле беа најдобри во својата ера. Не ми се допаѓа кога мора да споредувам или да зборувам на такви теми“, изјави Роналдињо.

Се вчитува...