Роналдињо уапсен во Парагвај: Влегол во земјата со фалсификуван пасош (ФОТО)

Поранешната ѕвезда на Барселона и светскиот фудбал, Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис се уапсени во Парагвај поради влез во земјата со фалсификувани патни документи.

Министерот за внатрешни работи на Парагвај информираше дека истражители упаднале во претседателскиот апартман во хотелот „Јахт & голф клуб“ и при претресот пронајдени се лажните документи.

„Законот мора да се почитува. Имавме информација за фалсификувани документи и презедовме акција“ – истакна Министерот за внатрешни работи.

Според пишувањата, Властите во Парагвај за фалсификуваните документи знаеле уште при пристигнувањето на Роналдињо на аеродромот во Парагвај, но но е задржан за да се избегне медиумска помпа и снимање материјали од останатите патници. Уапсен е и Вилмондес Соуса Лира, човекот кој на Роналдињи и неговиот брат им обезбедил лажни документи. Денеска Роналдињо и неговиот брат треба да се појават пред истражен судија.

Роналдињо вчера пристигна во Парагвај како би ја промовирал новата книга „Гениј на животот“ но и за учество во хуманитарна акција.

Интересно, не е ова првпат Роналдињо да биде фатен со сличен прекршок. Во 2018 година бразилските власти му запленија патна исправа се додека не ја плати казната од 8,5 милиони евра поради илегално изграден шопинг центар во Порто Алегро.

За светските медиуми навистина изненадувачки е зошто Роналдињо се впушта во вакви авантури. Никој нема информација дека е одземен неговиот пасош, и зошто би користел фалсификуван?

Се вчитува...