Бразилскиот волшебник со топката Роналдињо, кон и дефинитивно ја заврши својата фудбалска кариера, влегува на туѓ терен. Ќе се обиде во политиката, откако прифати да биде член на ПРБ републиканската партија на Бразил. Тој ќе излезе пред граѓаните оваа година и ќе очекува да добие значителен број гласови, пред се поради тоа што е идол на многу луѓе во својата земја.
„Не можам да го погледнам Роналдињо, а да не се потсетам на голот што го постигна против Англија на Светското првенство во 2002 година. Беше тоа неверојатна магија, а таква ни е потребна и денеска, но во општествениот живот во нашата земја“, изјави првиот човек на ПРБ републиканската партија, Едуардо Лопес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА