Легендарниот Бразилец Роналдињо кој за многумина е можеби и најатрактивниот фудбалер кој настапил на теренот во историјата, покрај со фантастичната кариера се „прослави“ и со бројните контроверзии кои го следа започнувајќи од прекумерното конзумирање алкохол, но и криминалот поради кој заврши во затвор во Парагвај.
Со цел да го финансира својот животен стил беше дел од разни проекти, дури и во соседна Србија каде снимаше реклами за спортски обложувалници, а сега ќе помине дел од времето и во популарното турско шоу „Survivor“.
Водителот на емисијата на шоуто на учесниците бомбастично им најави дека ќе им се придружи и фудбалска легенда и ги праша да погодат за кој станува збор. Многумина шпекулираа со имиња на разни Турци, но беа шокирани кога водителот им соопшти дека тоа ќе биде легендарен Бразилец.
Роналдињо со натпреварувачите би требало да игра „серва“, но останува да видиме дали ќе го испочитува тој договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

