Роналдињо во солзи – Ги повика фановите да се молат на Бог

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо поминува низ еден од најтешките моменти во својот живот. Тој откри дека неговата мајка е во сериозна здравствена состојба поради последиците од коронавирусот и дека во моментов е на интензивна нега.

Бразилецот изјави дека ова е период во кој е многу тажен, но и дека не знае што да очекува и што ќе биде, единствено останува да со моли на Бог, и да верува во најдоброто.

“Драги пријатели, мајка ми е заразена со ковид-19 и ние се бориме таа да закрепне наскоро. Се наоѓа на интензивна нега и ја прима целата неопходна терапија. Однапред ви благодарам за молитвите и позитивната енергија. Биди храбра, мамо”, напиша Роналдињо.

Да потсетиме, самиот Роналдињо беше позитивен на коронавирус на крајот на октомври, но се опорави по 19 дена.

Се вчитува...