Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо изјави дека е среќен што игра за овој тим, и исто така жали што порано не заминал да игра во Саудиска Арабија.
Роналдо се пресели во Ал Наср во декември 2022 година, и во 2023 постигна 40 гола за Ал Наср, и уште 10 даде за репрезентацијата на Португалија.
„Многу сум среќен што играм за Ал-Наср и со нетрпение го очекувам да го играм најдобриот фудбал за овој голем клуб. Жалам што не дојдов порано во Ал Наср, но сега сум тука и ќе се обидам да му помогнам на тимот да дојде до успех“, рече Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

