Кристијано Роналдо продолжува да испишува нови страници во историјата на европските шампионати, откако со денешниот настап против Унгарија урна два рекорди.
Тој со самото излегување на терен стана првиот во историјата кој настапил на пет различни европски првенства, а потоа 87 минути чекаше да стане и најдобар стрелец во историјата на ЕП, оставајќи го зд себе Мишел Платини со девет гола на континенталните собири.
Откако низ годините од „хејтерите“ го доби прекарот „Пеналдо“, судбината сакаше Кристијано и овој историски погодок да го постигне со удар од единаесет метри, рутински совладувајќи го Гулаши за нов рекорд. Роналдо во 92. минута постигна уште еден гол, единаесетти за Португалецот на европските шампионати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА