Роналдо атакува на светскиот рекорд: Го постигна 99-от репрезентативен гол!

Кристијано Роналдо го постигна својот 99-ти погодок во репрезентативниот дрес во победата од 0-2 на Португалија на гостувањето против Луксембург.

Па така во 164 натпревари за репрезентацијата се зацврсти како најефикасен од сите Европејци кои играле за националните состави. Но, она што е цел за Роналдо е атакот на светскиот рекорд по постигнати голови за репрезентација, кој се чини како недостижен.

Како би станал најефикасен фудбалер на светот кога се во прашање головите за репрезентацијата Роналдо мора да постигне уште 11 погодоци. Затоа што светскиот рекордер Али Даеи во 149 настапи за репрезентацијата на иран постигна дури 109 погодоци.

Се вчитува...