Португалскиот интернационалец Кристијано Роналдо сака ново зголемување на платата за да остане во редовите на Реал Мадрид. По најавите дека сака да се врати во Англија поради проблемите што властите на Шпанија му ги создаваат со данокот, „кралскиот клуб“ веднаш реагираше и отпочна преговори за нов договор со својот најдобар фудбалер. Понудата е тој да остане до 2022 година во клубот, а Роналдо и неговиот агент побарале фантастични 30 милиони евра нето годишна плата.
Актуелниот договор на Кристијано Роналдо истекува во 2021 година, а тој заработува 22 милиони евра по сезона. Сепак, претседателот на клубот Флорентино Перез се сомнева дали Португалецот треба да заработува толку големи пари во последната година од својот договор, кога веќе ќе влезе во 36.година од животот.
Претходно, Карим Бензема, Иско Аларкон, Марсело и Дани Карвахал веќе се договорија за останување на „Сантијаго Бернабеу“ до 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА