Кристијано Роналдо вчера беше забележан во фабриката на Ферари во друштво на Андреа Ањели. И додека дел од медиумите шпекулираа дека станува збор за „затоплување на односите“ за Португалецот да остане во Јувентус уште една година, денеска веќе стано јасно дека Роналдо бил во Ферари – во „шопинг“ по нов автомобил.
И тоа не било каков, туку моделот Монца СП2 што чини 1,6 милиони евра, каков што во својата колекција на луксузни автомобили има и Златан Ибрахимовиќ.
Досега се произведени само 499 примероци од ова луксузно возило, кое развива 100 километри на час за само 2,6 секунди.
Роналдо веќе има богата колекција од автомобили во која се наоѓаат и други луксузни модели на Ферари, но и на Бугати, Ролс-Ројс и Ламборџини.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА