Роналдо: Да стигнам до 1.000 гола, па ќе размислувам за пензија

Кристијано Роналдо го продолжува походот кон зацртаната цел – стигнување до бројката од 1.000 постигнати гола во кариерата.

Тој беше двоен стрелец за Ал Наср викендов стигнувајќи до 956 гола, па му недостигаат само уште 44 до „магичната бројка“. Роналдо не крие дека воопшто не размислува за пензија додека не дојде до „илјадарка“.

„Не е лесно, но се уште сум максимално мотивиран и полн со страст. Не е важно каде играм, дали во Европа или на Блискиот исток, секогаш уживам играјќи фудбал. Сите знаете која е мојата најголема желба, да освојувам трофеи и да дојдам до тие илјада гола во кариерата. Ако не дојде до повреди, сигурно ќе стигнам до таа бројка. И дури тогаш ќе почнам да размислувам за пензионирање“, изјави Роналдо.

Португалецот е најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид со 450 гола, воедно е и рекордер на португалската репрезентација со 143 погодоци, најмногу што еден играч некогаш постигнал за било национална селекција во историјата на фудбалот.

Се вчитува...