Кристијано Роналдо го постигна својот прв гол во првенството на Саудиска Арабија за Ал Наср, спасувајќи бод на гостувањето против Ал Фатех.
Сепак, општ впечаток е дека Португалецот е далеку од посакуваната форма, за тоа свесен е и тренерот Руди Гарсија, кој на прес-конференцијата по мечот изјави дека неговиот тим би победил ако Роналдо ја реализираше шансата што ја имаѓше во првото полувреме.
„Една од работите што го променија текот на мечот дефинитивно беше промашувањето на Кристијано во првото полувреме. Ако го дадеше тој гол, сигурен сум дека ќе победевме“, изјави Гарсија.
Тој им порача на фудбалерите дека мора да ги следат тактичките совети, а не цело време да го бараат Роналдо за да му ја дадат топката.
„Важно е фудбалерите да играат нормално, да не се обидуваат само да го проиграат Роналдо. Секако, ако Кристијано или Талиска се во добра ситуација, треба да им се додаде бидејќи се играчи способни да направат разлика. Сепак, и останатите мора да покажат што знаат, да носат самостојни одлуки, исправни одлуки за тимот“, порача тренерот на Ал Наср.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

