Кристијано Роналдо официјално беше претставен како нов играч на Ал-Наср пред само неколку дена, а и покрај тоа што се очекуваше португалскиот ас да настапи веќе во следниот натпревар на новиот клуб тој своето деби за составот од Ријад ќе го има на 21. јануари.
За тоа виновен е самиот Роналдо кој напуштајќи го мечот против Евертон искрши телефон на младо момче со аутизам. За немилиот потег доби два меча суспензија од страна на Фудбалскиот сојуз на Англија, а и покрај тоа што нема да настапува на „Островот“, според прописите на ФИФА, казните за играчите преминуваат и во останати првенства.
Дебито на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија ќе биде на мечот со Ал-Итифак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

