Кристијано Роналдо нервозно го напушти натпреварот на Португалија со Јужна Кореја на Мундијалот во Катар.
Роналдо во текот на второто полувреме беше прв заменет во португалската селекција во 65. минута од страна на Фернандо Сантош. Воочливо беше дека Роналдо е лут додека го напушта теренот, притоа, како што пренесоа португалските медиуми испратил и пцовка: „очигледно многу ти се брза да излезам, да те еб.м“.
Иако во прв момент Португалците мислеа дека е упатена кон селекторот Фернандо Сантош затоа што прерано го вади од игра, сепак Роналдо на прес-конференцијата истана дека имал нервозна реакција поради провокација од страна на еден фудбалер на Јужна Кореја.
„Пред да ја напуштам играта, фудбалер на Јужна Кореа онака луто ми рече да го напуштам теренот побрзо. Му реков да замолчи. Посебно не тој, кој нема никаков авторитет, нема никаква моќ да кажува било какво мислење“ – ја откри Роналдо на прес-конференцијата причината за неговата нервозна реакција.
“estás com uma pressa do caralho para me tirar foda-se” 🔥🥹 pic.twitter.com/tU3kY9aiZX
— 𝐴 𝐶𝑎𝑟𝑡𝑖𝑙𝘩𝑎 𝑑𝑜 𝐶𝑜𝑙𝑜 (@cartilhaReborn) December 2, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА