Роналдо десетти пат е број 1 во Португалија

Кристијано Роналдо продолжи да испишува историја на португалскиот фудбал откако големиот ас по јубилеен 10. пат беше избран за најдобар фудбалер во својата татковина. Тој го доби признанието на синоќешната церемонија, добивајќи убедливо повеќе гласови од ривалите, Жоао Феликс, Бернардо Силва, Бруно Фернандес и Рубен Невес.

34-Годишниот Роналдо доминира на овој избор, во кој од 2007 година па се досега нема триумфирано само во 2010 (Симао) и во 2014 година (Пепе).

Светот се движи многу брзо, со интернетот, социјалните медиуми, порталите… Ова беше многу компликувана година за мене на лично ниво, но не треба да се дозволи никој да ве влече надоле. Жалам што Спортинг не доби ниту една награда, се надевам дека тоа ќе се случи следната година“ – истакна Роналдо при приемот на признанието.

Шампионот Бенфика ја доби наградата за најдобра екипа, а тренерот на овој клуб, Бруно Лаге, за најдобар стратег за изминатата сезона.

Се вчитува...