Роналдо до ПСЖ: ЛШ не е математика, ако ги имате најдобрите играчи не значи дека ќе бидете шампиони

Бразилската фудбалска легенда Роналдо во интервју за „Газета дело спорт“ дискутираше на најразлични теми поврзани со светскиот фудбал. Воедно, тој го прокоментира составувањето на дрим-тимот на ПСЖ, прв ваков собир на толку голем број „ѕвезди“ на едно место по легендарната генерација на „галактикос“ во Реал Мадрид.

Според Роналдо, управата, но и самите фудбалери на ПСЖ треба да бидат свесни дека искачувањето на врвот на Лигата на Шампионите нема да биде ништо полесно само затоа што се собрани врвни играчи на едно место.

„Дали ПСЖ ќе биде европски првак? Многу е рано да се говори за тоа, најпрвин треба да се види како тимот ќе кликне, па треба да стигне до четвртфиналето, па таму да игра со останатите елитни европски клубови. Видете, јас пет години играв во Реал Мадрид, бев дел од „галактикос“, но никогаш не ја освоивме Лигата на Шампиони. На хартија тие делуваат моќно, но кога ќе излезете на терен тогаш на површина испливуваат многу фактори. Освојувањето на пехарот не е чиста математика, дури ни кога ги имаш најдобрите фудбалери во светот како што тоа е сега случај со ПСЖ“, истакна Роналдо.

Се вчитува...