Меѓународниот аеродром во градот Фуншал на островот Мадеира од денеска го носи името на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо. Фудбалерот присуствуваше на свечената церемонија и истакна дека е горд на својата земја и на островот Мадеира.
„Знаете колку сум горд на своите корени и на својата земја. Оваа чест навистина многу ми значи“, изјави Роналдо.
Но, сепак, се појави и неочекуван проблем. Статуата на Кристијано Роналдо која е откриена на аеродромот ниту од далеку не потсетува на неговиот лик. Уште веднаш стана предмет на потсмев за присутните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА