Роналдо доби специјални копачки од „Најк“ за осминафиналето на СП (ФОТО)

Португалскиот ас Кристијано Роналдо стана најдобриот стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал надминувајќи го Ференц Пушкаш и спортската компанија „Најк“ во таа чест му изработи специјални копачки кои тој ќе ги носи на осминафиналниот меч од Светското првенство против Уругвај. Новиот модел на копачки „Nike Mercurial Superfly Elite CR7 Chapter 6 Ediçao Especial“ е во боите на Португалија, а Роналдо веќе ги промовираше во јавноста.

„Светското првенство допрва почнува за Португалија. Следува нокаут фазата, а нашите амбиции се секогаш да одиме до крајот“, истакна Роналдо.

 

Се вчитува...