Роналдо добил „корпа“ од Милан поради сонародникот Леао

Кристијано Роналдо и во новата сезона остана во Манчестер Јунајтед, иако беше јавна тајна дека во летниот преоден рок Португалецот бараше нов клуб.

Роналдо бил понуден и на Милан, открива новинарот Џанлука Ди Марцио, но италијанскиот великан одбил таква варијанта поради големата плата која ја барал Роналдо.

Агентот Жорге Мендеш се надевал дека Милан ќе го продаде Рафаел Леао и на тој начин ќе ослободи место, но и потребен буџет за пристигнувањето на Роналдо на „Сан Сиро“.

Милан пак сега ќе мора да работи на случајот Леао, бидејќи Португалецот засега не прифатил продолжување на договорот и веќе е цел на најбогатите европски клубови.

Преговорите на Мендеш и Милан се случиле во последните денови од преодниот рок, односно откако пропаднаа тие со Наполи.

Се вчитува...