Кристијано Роналдо е навикнат на многу индивидуални награди, сепак, Португалецот овој пат успеа да добие за првпат ново признание. Тој ја имаше честа да биде првиот добитник на наградата „Паоло Роси“.
Тоа е награда за најдобар стрелец во Серија А, но италијанскиот фудбалски сојуз одлучи да ја именува по неодамна починатиот легендарен центарфор на Јувентус и италијанската репрезентација, Паоло Роси.
Португалецот ја имаше честа да биде првиот што ја добил оваа награда откако е именувана како Паоло Роси, бидејќи во претходната сезона тој беше најдобар стрелец на Калчото со 29 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА