Роналдо добива нов „рекорден“ договор од Ал Наср

Кристијано Роналдо е блиску до потпишување на повеќемилионско продолжување на договорот со саудискиот клуб Ал Наср. Според информациите на локалните медиуми, португалскиот ветеран ќе го продолжи договорот со Ал Наср до јули 2026 година за неверојатни 200 милиони евра.

Роналдо на 5. февруари ќе наполни 40 години, но тој факт не ги спречи богатите сопственици на клубот да му понудат чудесна сума пари за да остане во Ријад по истекот на договорот ова лето.

Се наведува дека еден од првите играчи кој се согласил да се пресели од врвниот европски фудбал во Саудиска Арабија веќе ја прифатил понудата и е блиску до официјално потпишување на договорот.

Португалецот дојде во Ал Наср во јануари 2023 година по неуспешната епизода во Манчестер Јунајтед, а според деталите за продолжувањето на соработката ќе остане најплатен играч во светот со заработка од околу 3,8 милиони евра неделно.

Се вчитува...