Роналдо добива поддршка од сите страни по тажната вест за починатиот син

Тажна вест го погоди вчера фудбалскиот свет, дека почина новородениот син на Кристијано Роналдо. Тоа го потврди и самиот Роналдо на својот профил на Инстаграм.

„Со најдлабока тага ја потврдуваме смртта на нашето бебе. Тоа е најголема болка која родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го преживееме овој момент со малку надеж и среќа. Се заблагодаруваме на медицинските сестри за сета пружена нега и поддршка. Скршени сме и бараме приватност во овој тежок момент“, напиша Роналдо.

Дека семејството не е само, покажуваат и пораки на сочувство кои добиле од фудбалскиот свет.

„Твојата болка е наша болка Кристијано. Ви испраќаме љубов и сила на вас и вашата фамилија во овој момент“, напишаа на социјалните мрежи од Манчестер Јунајтед.

Поддршка испратија и од федерацијата на Португалија, како и од Манчестер Сити, ривалот на Јунајтед, но и од неговиот поранешен клуб Реал Мадрид како и од Ливерпул и од други клубови.

Се вчитува...