Актуелниот европски првак Реал Мадрид ќе ја зголеми платата на Кристијано Роналдо. Претседателот Флорентино Перез ќе го исполни своето ветување дадено уште минатата сезона, по триумфот во Кардиф, во финалето на Лигата на шампионите, дека Португалецот ќе биде награден за своите добри игри.
Во пресрет на полуфиналната пресметка со Баерн Минхен во ЛШ, Реал Мадрид ќе ја зголеми годишната нето плата на Кристијано Роналдо на 30 милиони евра. Тоа е зголемување за 9 милиони евра, а со посебни клаузули се предвидени и дополнително бонуси за освојување на трофеи со клубот, како и за индивидуални признанија како „Златната топка“. Должината на договорот засега останува како и претходно, до јуни 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА