Роналдо добива „познато лице“ во Ал Наср

Кристијано Роналдо неодмна направи изненадувачки трансфер во Ал Наср, а наскоро ростерот на саудискиот клуб би можел да се зголеми и со добро познат играч на Португлаецот од времето поминато во Реал Мадрид. Станува збор за Кејлор Навас кој беше дел од златната генерација на шпанскиот гигант, а во Ал Наср би можел да пристигне како замена за повредениот Давид Оспина.

Според шпанските медиуми веќе се започнати и сериозни преговори со ПСЖ за трансфер кој би можел да се реализира за време на гостувањето на парискиот клуб во Ријад.

Триесетишестгодишниот Навас има договор со ПСЖ до 2024 година, но во последно време се почести се шпекулациите за негово заминување од Париз.

Се вчитува...