Ал Наср во последните години докажа дека не штеди пари, демонстрирајќи голема финансиска моќ.
Сега тимот за кој настапува Кристијано Роналдо има намера да одвои 100 милиони евра за трансфер на ѕвездата на Вест Хем, Мухамед Кудс.
„Чеканите“ најверојатно ќе ја прифатат понудата за 24-годишниот репрезентативец на Гана, кој има договор со клубот до јуни 2028. Се очекува Мохамед Кудус да се пресели во Ал-Наср во првите денови од летниот преоден рок.
Кудус ја започна својата кариера во Академијата „Право на сон“ во Гана, во сопственост на данскиот Нордсјеланд, кој го продаде на Ајакс во 2020 година за девет милиони. Холандскиот гигант подоцна го продаде на Вест Хем за 43 милиони евра.
Мухамед Кудус оваа сезона одигра 27 натпревари за тимот од Лондон во Премиерлигата на кои постигна три гола и забележа три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА