Роналдо дојде на прес со часовник од два милиони евра (ФОТО)

Кристијано Роналдо вечерва се враќа на „Олд трафорд“, а Португалецот стори се за враќањето назад во Манчестер да му биде со стил.

Тој се појави на вчерашната прес-конференција во пресрет на овој натпревар, а медиумите забележаа интересен детал – суперлуксузен часовник што Кристијано го носеше на својата лева рака.

Станува збор за часовник од брендот „Caviar Torubillonrange“ од „Jacob & Co“, на кој се изгравирани 424 драгоцени камења.

Според британскиот весник „Сан“, раперот Визкид пред извесно време купил сличен часовник за сума од два милиони евра, на колку се проценува и овој луксуз на Кристијано.

 

Се вчитува...