Кристијано Роналдо со своите настапи веќе стана „икона“ во Ал Наср. И натаму е прва ѕвезда во Саудиска Арабија, а се чини дека ќе остане во Саудиска Арабија и после 2025 година, кога има договор.
Португалецот стигна во оваа земја на 37 години, и таму го најде својот мир, односно ужива во фудбалот. Петкратниот освојувач на Златната топка има плата од 200 милиони евра по сезона, и тоа е астрономска цифра во секој поглед.
Според „Гол Арабија“, саудискиот клуб сака да го задржи Роналдо и после договорот, кој е со важност до 2025 година, и веројатно тоа ќе биде случај. Се шпекулира дека дури Ал Наср е подготвен да му гарантира и некоја функција во клубот откако ќе се реши да ја зарши кариерата.
Но, Португалецот сака да игра на Мундијалот во 2026 година, па од тука веројатно не размислува за пензија до тогаш, а потоа ќе може да стане и директор на клубот во кој ќе ја заврши кариерата.
Многу се шпекулираше на негово враќање во Спортинг и таму да стави точка на кариерата, меѓутоа до тоа нема да дојде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

