„Роналдо е без милост, но само еден е Меси“

Вејн Руни е вториот англиски ас, по Дејвид Бекам, што во споредбата меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо ја избра аргентинската суперѕвезда пред Португалецот. Иако Руни играше неколку сезони со Роналдо и има исклучително високо мислење за овој врвен голгетер, сепак смета дека Кристијано не може да се споредува со асот на Барселона.

„Кристијано на почетоците во Манчестер не постигнуваше толку многу голови, но се гледаше дека работи напорно за да стане број 1 во светот. Тој е одличен фудбалер, лично ми е добар пријател, но само еден е Меси. Причината е јасна, гледајќи го него фудбалот изгледа како толку лесна игра, не се ни сеќавам да дал гол шутирајќи најсилно што може. Тој само го гледа голот и ја сместува топката во мрежата, толку лесно. Роналдо е без милост за противниците, но Меси сака малку да те мачи пред да те убие“, вели Руни.

Се вчитува...