Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека годините за него се само бројка, откако португалската суперѕвезда на 39-годишна возраст го истрча својот најбрз спринт на европските шампионти.
Мотивиран поради слабата игра и негативата што Португалија ја бркаше на мечот со Грузија, Роналдо во еден момент тргна кон противничкиот гол, трчајќи со брзина од 32,7 километри на час. Извонредна бројка за спортист кој ја навршува четвртата деценија во животот, воедно и негов личен рекорд на ЕП.
Најбрзиот спринт на Кристијано досега на европските шампионати беше со брзина од 32 километри на час, и тоа на ЕВРО 2012. Роналдо дванаесет години подоцна покажува дека се уште е подготвен за уривање на границите што тој самиот си ги поставува низ кариерата.
Само за споредба, негов најбрз спринт во кариерата е оној на дуелот Шпанија – Португалија во 2018 година, кога беше измерено дека Кристијано истрча со 38,6 километри на час.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА