Реал Мадрид ќе биде речиси комплетен за утрешниот реванш дуел од Лигата на шампионите со Наполи, откако Кристијано Роналдо ги надмина проблемите со повредата и му се стави на располагање на Зинедин Зидан.
Францускиот стратег реши да го поштеди Португалецот на саботниот дуел со Еибар, се со цел тој максимално подготвен да го дочека дуелот во Неапол, на кој „кралевите“ ќе ја бранат предноста од 3-1 од првиот натпревар во Мадрид. Роналдо без проблеми тренираше во текот на вчерашниот ден, по што нема никаков сомнеж дека тој ќе го предводи Реал на утрешната пресметка со „наполитанците“.
Герет Бејл и Алваро Мората, кои поради суспензии не настапија против Еибар, исто така ќе му бидат на располагање на Зидан, кој од стандардните првотимци не може да смета единствено на дефанзивецот Рафаел Варан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА