Капитенот и најдобар играч на португалската репрезентација Кристијано Роналдо е целосно фокусиран на претстојното Светско првенство во Катар. Португалскиот ас деновиве е во центарот на вниманието на англиската и светската фудбалска јавност поради интервјуто во кое ја критикуваше ситуацијата на „Олд Трафорд“ и неговиот статус во Манчестер Јунајтед, но сега, во пресрет на Светското првенство во Катар, тој целосно го насочува вниманието кон обврските во репрезентацијата на Португалија.
Кристијано Роналдо на социјалните мрежи објави фотографија од тренингот на репрезентацијата.
„Целосен и апсолутен фокус на работата на португалската репрезентација. Обединет тим кој се стреми кон заедничка цел – да го исполни сонот на сите Португалци“, напиша Кристијано Роналдо на Твитер.
Португалија на Светското првенство во Катар е во групата Х со Гана (24 ноември), Уругвај (28 ноември) и Јужна Кореја (2 декември).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА