Роналдо е мајсториште: Со „луд“ лоб стави печат на новата победа на Ал Наср

Кристијано Роналдо продолжува да блеска во шампионатот на Саудиска Арабија, откако португалскиот со нови два гола го предводеше Ал Наср до рутински триумф од 3-0 над новиот прволигаш Ал Окдод.

Ал Наср имаше 1-0 по првото полувреме, а потоа во вториот дел на сцена стапи Португалецот, кој во 14. рунда стигна до 15 постигнати погодоци сезонава за својот тим. Кристијано зголеми на 2-0 користејќи го лошото истрчување на гостинскиот голман, а потоа третиот гол беше вистинско ремек-дело на Роналдо.

Голманот на гостите повторно истрча, овојпат успеа да ја исфрли топката, но таа на 35 метри стигна до Роналдо, кој испрати маестрален лоб со неверојатно висок лак на движење, за топката да заврши под самата греда во противничката мрежа, на воодушевување на фановите на Ал Наср.

Се вчитува...