Роналдо е најдобар голгетер во 2023 година, Ал Наср го совлада Ал Итихад (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ал Наср стигнаа до голема победа на гостувањето кај Ал Итихад од 2-5 во дерби натпреварот од 17. коло во Премиерлигата на Саудиска Арабија.

Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со погодокот на Хамдалах во 14. минута. Гостите израмнија на 1-1 во 19. минута преку Кристијано Роналдо од пенал. До крајот на првиот дел беше и 1-2 со погодокот на Талиска во 38. минута.

Ново израмнување во мечот 2-2 донесе Хамдалах со својот втор гол во 52. минута, но проблеми за домаќините донесе вториот жолт картон на Фабињо, по кој Роналдо од пенал во 68. минута донесе ново водство од 2-3, со својот 53. погодок во оваа календарска година, со кој ги надмина на врвот Хари Кејн и Килијан Мбапе кои ќе завршат со 52 гола.

До крајот со свои два гола Садио Мане во 76. и 82. минута ги постави конечните 2-5.

Al-Ittihad 2 – [3] Al-Nassr – Cristiano Ronaldo penalty 68'
byu/CivillyWalk757 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...